Меморандум за соработка со Државно правобранителство

By alfa4 , 28 Октомври, 2018
Соопштение
Разменети искуства и мислења, помеѓу Управата за финансиска полиција и Државното правобранителство
Меморандум за соработка со Државно правобранителство

На ден 28.10.2018г се оддржа средба на која беа разменети искуства и мислења, помеѓу Управата за финансиска полиција и Државното правобранителство. 

Оваа средба беше договорена на предходните состаноци каде беше завземен став дека е неопходно потпишување на меморандум за соработка, помеѓу овие две исклучително важни институции. 

Меморандумот беше потпишан од страна на Директорот на Управата за финансиска полиција, г-динот Арафат Муареми и Државниот правобранител, г-динот Фехми Стафа како застапник на Државното правобранителство.

 Со потпишување на овој меморандум кој е од взаемна важност, уште повеќе се зајакнува и продлабочува соработката помеѓу институциите.