Работна средба со Директорот на Агенција за национална безбедност Зарко Милошевски

By alfa4 , 23 Март, 2023
Соопштение
Продлабочување на соработката и надополнување со нови проекти кои би биле од заеднички интерес
Работна средба со Директорот на Агенција за национална безбедност Зарко Милошевски

Денес 22.03.2023 во просториите на Управата за финансиска полиција се одржа работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и Директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски. Успешната соработка е од огромна важност за двете институции. Во таа насока се разговараше и за продлабочување на истата и во иднина и надополнување со нови проекти кои би биле од заеднички интерес.

На состанокот беше договорено потпишување на меморандум за соработка.

Целта на потпишување на Меморандум е промовирање на досегашната соработка преку размена на искуства, помеѓу Управата за финансиска полиција и Агенцијата за национална безбедност, како и заедничка координација и други активности во согласност со законските надлежности на институциите.