Работна средба со Simon Woodcock

By alfa4 , 7 Јуни, 2023
Соопштение
Средба со офицерот за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија и со преставници на Британската амбасада во Скопје
Работна средба со Simon Woodcock

​Директорот Горан Иванов, оствари работна средба со Simon Woodcock, офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија и со преставници на  Британската амбасада во Скопје.

На средбата беа разменети информации за досегашната  соработка . Исто така, се дискутираше за резултатите од  досега реализираните проекти и програми , очекувањата од проектите што се планирани и  беа утврдени конкретните области за продлабочување на идната соработка.

Директорот Иванов, во свое лично име и во име на вработените во Управата за финансиска полиција   се заблагодари на Британската Амбасада за постојаната поддршка во насока на реализација на многу проекти во служба на општото добро, посебно на проектите кои се од големо значење за унапредувањето на работата на Управата за финансиска полиција.