Работна средба со претставници од Мисијата на ОБСЕ

By alfa4 , 23 Септември, 2024
Соопштение
Работна средба со Алмир Кудра, советник за транснационални закани од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Работна средба со претставници од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Работна средба со Алмир Кудра, советник за транснационални закани од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски оствари работна средба со Алмир Кудра, советник за транснационални закани од Отсекот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Досегашната соработка и идните планови за нејзино продлабочување, беа темите на работниот состанок.

Соговорниците изразија задоволство од средбата со надеж дека соработката ќе продолжи во насока на зајакнување на капацитетите во борбата против финансискиот криминал.