Работен состанок и доделени благодарници за успешна соработка

By alfa4 , 5 December, 2023
Соопштение
Се разговараше на повеќе теми од заеднички интерес, како и за можностите за продлабочување на соработката во иднина. 
Работен состанок и доделени благодарници за успешна соработка

Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари средба со Г-дин Сајмон Вудкок, Oфицер за врски за фискален криминал на Управа за јавни приходи и царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и Г-дин Ричард Велхам, Регионален координатор за обуки за  Јавни приходи и царини за Западен Балкан. 
 
На средбата се разговараше на повеќе теми од заеднички интерес, како и за можностите за продлабочување на соработката во иднина. 
 
Директорот Иванов се заблагодари за досегашната успешна соработка и безрезервна поддршка, а во знак на благодарност на Н.Е. Г-дин Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, Г-дин Дарен Патриџ, Регионален  менаџер за Западен Балкан во Даночната и царинска управа на Обединетото Кралство и на Британската амбасада во Скопје, им додели Плакети за благодарност.