Потпишана декларација за формирање на регионална компонента на GlobE

By alfa4 , 6 September, 2023
Соопштение
Декларација за формирање на Глобална оперативна мрежа на антикорупциски органи за Западен Балкан
Соопштение

Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов со свој тим во Виена,Австрија присуствуваше на регионална конференција посветена на формирањето на регионалната компонента на GlobE – Глобалната оперативна мрежа на антикорупциски органи. На настанот, покрај претставниците на Управата за финансиска полиција присуствуваа и делегации  на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како и антикорупциски органи од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Претставниците на УНОДЦ им се заблагодарија на присутните за посветеноста и оценија дека со усвојување на Декларацијата за воспоставување на регионална компонента на GlobE мрежата се засилува, а воедно и се продлабочува меѓународната соработка во борбата против корупција и незаконските финансиски текови помеѓу државите во регионот: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. 

Од УНОДЦ дополнија дека и во иднина ќе продолжат со својата поддршка кон државните институции во насока на зајакнување на нивните капацитети.

Заеднички заклучок на сите присутни е дека со потпишување на Декларацијата и блиската соработка во иднина на надлежните органи во регионот може да се постигнат ефикасни резултати во борбата против корупција и незаконските финансиски текови, вклучително и откривање и одземање на незаконски стекнат имот кој произлегува од сторени кривични дела.