Работна средба со Ислам Абази основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство

By alfa4 , 16 May, 2023
Соопштение
Продолжување и продлабочување на соработката со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности.
Работна средба со Ислам Абази

Денес 16.05.2023 се одржа работна средба на Горан Иванов , Директор на Управата за финансиска полиција, со Ислам Абази, основен јавен обвинител  на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

На состанокот  се потврди значењето на досегашната соработка, како и продолжување и продлабочување на истата во иднина со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности.

Соговорниците се сложија дека комуникацијата  и соработката на овие две институции кои се во директна борба против организираниот криминал и корупција е од клучно значење.