Управата за финансиска полиција до Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Скопје поднесе кривична пријава против Т.Д. (61) во својство на Градоначалник на Општина Демир Капија за Злоупотреба на службената положба и овластување
Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот дозволил објектот на Општината Карпош каде што е сместена општинската администрација, да се изгради без одобрение за градеше и без соодветна архитектонско-урбанистичка документација.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. во својство на Градоначалник на Општина Карпош, М.Д. - Раководител на Сектор за Јавни набавки, Н.Н.- Помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, С.М. - Раководител на Одделение за норматива во Правен Сектор и А.С. - Раководител на Одделение за сметководство, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со Продолжено кривично дело член 45 и в.в. со Соизвршителство член 22 од Кривичниот Законик на РМ.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.С, И.С, и И.Л вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против лицето Д.Н во својство на службено лице - овластен геодет поради постоење на основано сомненине за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 1 в.в ст 3 и ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот Законик.
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на конференцијата по повод завршувањето на проектот "Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција во Република Македонија"
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата В.Т. поранешен Градоначалник на Општина Центар, М.Т. поранешен Секретар во Општина Центар и Д.Р. вработен во Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина во Општина Центар
Управата за финансиска полиција ги поканува преставниците на медиумите на прес конференција што ќе се оддржи на 04.07.2018 г во 12 часот во просториите на Управата
Управата за финансиска полиција на Република Македонија поради постоење на сомнение дека се сторители на кривични дела до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата: Д.Б. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2014 година и М.Ѓ.И. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2015 и 2016 година, за стореното кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА член 353-в ст.1 и 3 од КЗ на Р.М.