Работна средба со претставници на Институтот за бизнис и менаџмент

By alfa4 , 20 February, 2024
Соопштение
Директорот Горан Иванов се сретна со претставници на Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје
Работна средба

Директорот на Управата за финансиска полиција,  Горан Иванов оствари работна средба со претставници на  Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје претставуван од Проф д-р Синиша Наумоски.

На состанокот беше дискутирано за потребата од продлабочување на соработката помеѓу Управата за финансиска полиција и Институтот Хајделберг, Скопје во насока на унапредување и јакнење на капацитетите во Управата за финансиска полиција преку взаемна  соработка, односно искористување на експертизата на професионалци и спроведување на обуки за потребите на  вработените  во Управата за финансиска полиција.  За таа цел на средбата е договорено склучување на Меморандум за соработка помеѓу Управата за финансиска полиција и  Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје.