Финансиска полиција
Финансиска полиција
Управа за Финансиска полиција
Управата за финансиска полиција е составен дел на Правосудната полиција како орган за кривичен прогон на сторители на кривични дела од областа на организираниот финансиски криминал и кривични дела кои што се гонат по службена должност
  • By alfa4 , 9 Октомври, 2024
    Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи заеднички ќе делуваат при одредени активности со цел навремено и полесно да се реагира во борбата со финансискиот криминал
  • By alfa4 , 1 Октомври, 2024
    Анализа на досегашната соработка и поддршка и активности за нејзино продолжување со цел зголемување на ефикасноста во борбата со организираниот криминал
  • By alfa4 , 26 Септември, 2024
    Денес во просториите на Управата за финансиска полиција, директорот Слободан Ивановски оствaри работна средба со Масимо Пани, експерт по безбедност при Италијанска амбасада во Скопје
Стани дел од тимот
Покажи интерес и стани дел од тимот на Финансиска полиција
By alfa4 , 22 Мај, 2024
Денес во рамки на предметните содржини , кои ги изучуваат студентите на Правниот факултет-програма за безбедност и криминалистика, при Универзитетот нa Југоисточна Европа, со предметниот професор Муазам Халили реализираа посета на Управата за финансиска полиција.
By alfa4 , 23 Април, 2024
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Г-дин Сајмон Вудкок, досегашен претставник на Управа за јавни приходи и Царина на Обединетото Кралство за Косово и Северна Македонија и ново назначениот претставник, Г-дин Давид Мартин.
By alfa4 , 5 Април, 2024
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица за сторено кривично дело Измама од чл.247, а во врска со соизвршителство по чл. 22, помагање по чл. 24 и продолжено кривично дело по чл. 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
By alfa4 , 2 Април, 2024
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов оствари работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. На средбата беа истакнати заедничките заложби за зајакнување и продлабочување на соработката меѓу овие две институции.
By alfa4 , 29 Март, 2024
Управата за финансиска полиција преставувана од Директорот, Горан Иванов и Правен факултет „ Јустинијан Први “ – Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ преставуван од Деканот, Сашо Георгиевски потпишаа Меморандум за соработка.
By alfa4 , 15 Март, 2024
На ден 15.03.2024 година Управата за финансиска полиција преставувана од Директорот, Горан Иванов и Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје , претставуван од Проф д-р Синиша Наумоски, потпишаа меморандум за соработка.
By alfa4 , 6 Март, 2024
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во присуство на членовите на комисијата и менаџментот на Управата, потпишаа меморандум за соработка.
By alfa4 , 20 Февруари, 2024
Директорот на Управата за финансиска полиција,  Горан Иванов оствари работна средба со претставници на  Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје претставуван од Проф д-р Синиша Наумоски
By alfa4 , 9 Февруари, 2024
Денес во присуство на вработените на Управата за финансиска полиција беше потпишан Договор за донација помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и Програмскиот координатор на Канцеларијата за програмска координација на претседателството на Турската агенција за соработка и координација ТИКА -Скопје, Мехмет Бајрак.