Управата за финансиска полиција е составен дел на Правосудната полиција како орган за кривичен прогон на сторители на кривични дела од областа на организираниот финансиски криминал и кривични дела кои што се гонат по службена должност
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во присуство на членовите на комисијата и менаџментот на Управата, потпишаа меморандум за соработка.
На ден 15.03.2024 година Управата за финансиска полиција преставувана од Директорот, Горан Иванов и Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг, Скопје , претставуван од Проф д-р Синиша Наумоски, потпишаа меморандум за соработка.
Директорот, Горан Иванов и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје застапуван од Деканот, Предраг Трпески, склучија меморандум за соработка
Стани дел од тимот
Покажи интерес и стани дел од тимот на Финансиска полиција
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. во својство на Градоначалник на Општина Карпош, М.Д. - Раководител на Сектор за Јавни набавки, Н.Н.- Помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, С.М. - Раководител на Одделение за норматива во Правен Сектор и А.С. - Раководител на Одделение за сметководство, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со Продолжено кривично дело член 45 и в.в. со Соизвршителство член 22 од Кривичниот Законик на РМ.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.С, И.С, и И.Л вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против лицето Д.Н во својство на службено лице - овластен геодет поради постоење на основано сомненине за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 1 в.в ст 3 и ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот Законик.
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на конференцијата по повод завршувањето на проектот "Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција во Република Македонија"
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата В.Т. поранешен Градоначалник на Општина Центар, М.Т. поранешен Секретар во Општина Центар и Д.Р. вработен во Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина во Општина Центар
Управата за финансиска полиција ги поканува преставниците на медиумите на прес конференција што ќе се оддржи на 04.07.2018 г во 12 часот во просториите на Управата
Управата за финансиска полиција на Република Македонија поради постоење на сомнение дека се сторители на кривични дела до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата: Д.Б. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2014 година и М.Ѓ.И. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2015 и 2016 година, за стореното кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА член 353-в ст.1 и 3 од КЗ на Р.М.
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата Т.Н. - поранешен Министер за здравство на Р. Македонија и П.В. - Раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на Јавните здравствени установи во Р. Македонија при Министерството за здравство, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело "Несовесно работење во службата" од член 353-в од КЗ на Р. Македонија
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Кривична пријава против лицето П.К. - поранешен директор на Управата за заштита на културно наследство, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување"